Facebook, најпознатата социјална мрежа, се спрема за воведување на сервис за трансфер на пари помеѓу нејзините корисници. Според информациите до кои што има дојдено весникот Financial Times, од Facebook преговараат со неколку компании од Ирска, каде што се наоѓа нивното седиште во Европа. Дозволи за ваков тип на сервис Facebook веќе има во САД, па со најновите преговори тие покажуваат дека планираат да го прошират надвор од оваа земја.
Можеби најзасегнати од ваквиот потег на Facebook би биле од PayPal, компанија позната на повеќето до вас. Започнувањето на ваков сервис се смета за сериозна и тешка работа, па се поставува прашањето за потенцијалната успешност на Facebook доколку се реши да го воведе сервисот. Меѓутоа огромната база на корисници, доста луѓе сметаат дека ќе ги зголеми шансите значително. Единствена пречка за ова се смета недовербата на корисниците за приватноста на интернет, а посебно на оваа мрежа каде што сите корисниците доброволно и секојдневно оставаат по некоја информации за себеси.
Извор: Forbes Слика: The Guardian