Во време кога приватноста на корисниците онлајн станува се поголем проблем и причина за загриженост, скенирањето на содржината на email пораките од страна на провајдерите наидува на критики и само ја зголемува загриженоста кај корисниците. Се помалку им се верува на големите компании, посебно како Google на кои што главниот извор на заработка се рекламите, па поради тоа и вршат скенирање на пораките на корисниците за потоа да им бидат прикажани соодветни реклами.
После најавата од Google дека престануваат да ги скенираат пораките на корисниците на Google Apps for Education, доаѓа и најавата дека тоа ќе биде применето и за корисниците на платениот сервис, Google Apps for Business. До сега корисниците на овој пакет ја имаа можноста да изберат дали сакаат да им бидат прикажувани реклами или не, но сега таа можност ќе биде тргната и прикажувањето на реклами нема да биде можност.
Се разбира скенирањето за реклами и нивно прикажување ќе остане за останатите корисници, односно за корисниците на бесплатната услуга Gmail, од кои што ќе мораат на некој начин да заработат. Корисниците на Apps for Business плаќаат месечна претплата, па таа може да се смета како земена за приходите од реклами, но и практиката е дека или ќе платите за одреден сервис или доколку го добиете бесплатно, тој ќе доаѓа со реклами.
Извор: Techcrunch