google-docs-addons

Google Docs и Sheets се онлајн апликации за пишување на документи и табели кој постојат веќе подолго време и успешно конкурираат со познатите Word и Excel од Microsoft. Google Docs сега се дел од Google Drive пакетот кој покрај можноста за работа со документи вклучува и можност за складирање на фајлови. Споредбата помеѓу Docs и Office можеби е подобро ако се направи со Office Online, веб верзијата на Microsoft Office која што беше ребрендирана и подобрена со повеќе функции во изминатиот период. Сепак целта на Google е да ги привлече корисниците на двете верзии од Office, а и на било кој друг достапен пакет со вакви апликации.

За да ги подобри Docs и Sheets апликациите и да ги зголеми нивните функции, Google денеска ја претстави можноста за користење на Add-ons (додатоци) во овие две апликации. Моментално се достапни повеќе од 30 додатоци кои што на корисниците им овозможуваат најразлични можности, како на пример печатење на етикети со влечење на податоците од Sheets документите, внесување на извор на информации од онлајн листа директно во документот, следење на промените направени на документот и многу повеќе. Бројката на додатоци е сеуште мала, посебно во споредба со бројката која што е достапна за корисниците на Microsoft Office, меѓутоа ако се земе како пример успешноста на организирање на работите од страна на Google, многу брзо може да се очекува солидна бројка.

Додатоците во многу производи се имаат покажано како многу корисни овозможувачи на функции кои што не се вклучени во основниот производ. Поради постоењето на огромен број на функции кои што можат да бидат вклучени во некој производ, вклучување на сите би било непотребно, посебно што не секој корисник ги користи сите нив. Затоа ваквиот начин на проширување на програмите се има покажано како многу успешен. Mozilla Firefox стана популарен покрај другите фактори, во главно и поради можноста за додатоци, исто така Google Chrome има голема база на свои додатоци, а има и многу повеќе примери.

add-onsmenu

До додатоците можете да дојдете со отворање на било кој од вашите документи во Drive или со креирање на нов, по што во лентата за прилагодување ќе најдете ново мени Add-ons. Во него ќе бидат прикажани сите инсталирани додатоци, а исто така Get Add-ons копчето преку кое што пристапувате до листата на додатоци. За да можете да користите додатоци во sheets потребно е преку Settings > Editing да ја вклучите нивната нова верзија.

Извор: Google Drive Blog

Претходна статијаРедизајнирана Instagram за Android
Следна статијаВоведена можност за наплата на екстензиите и темите за Google Chrome
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.