Веќе првиот ден од новата година Skype беа жртви на хакерски напад со кој беа пробиени нивните сметки на Twitter, Facebook и компанискиот блог. Хакирањето е извршено од страна на Syrian Electronic Army, група на хакери за кои се верува дека го поддржуваат Сирискиот претседател и извршуваат хакерски напади против политички опоненти, како и западни медиуми.
По добивањето на пристап до овие сметки нa Skype можеа да се видат неколку пораки напишани од страна на хакерите, како:
„Не ги користете email сервисите од Microsfot (Hotmail, outlook), тие ги надгледуваат вашите сметки и ги продаваат податоците на владите. Повеќе детали наскоро“
„Хакнато од страна на Сириската Електронска Армија. Престанете да шпионирате“
Како што знаете Skype е во сопственост на Microsoft за кои што преку документите протечени од страна на Едвард Сноуден, се верува дека се една од компаниите која што соработува со Американската агенција за национална безбедност (NSA).
Контролата над сметките е вратена и од Skype уверуваат дека податоци со кориснички сметки од милионите корисници не се компромитирани, туку само нивните сметки за најавување на овие социјални медиуми.