heartbleed

Сигурносниот пропуст наречен Heartbleed е распространет оваа недела и претставува закана за веб страните кои што користат OpenSSL за енкриптирање на нивниот сообраќај. Пропустот е ризичен за веб серверите кои што работат на Apache и Nginx и може да доведе до пресретнување и крадење на заштитената содржина која што се пренесува од корисниците на сервисите до серверот. Обично веб страните користат SSL и TLS заштита која што треба да оневозможи пресретнување на содржината во email пораките, chat, веб апликациите, како и одредени VPN комуникации.

Верзиите на OpenSSL кои што се изложени на ризик од Heartbleed бубачката се OpenSSL 1.0.1 – 1.0.1f, а издадена е нова верзија 1.0.1g која што не е ранлива. Меѓутоа оваа надградба на OpenSSL не е сеуште достапна за сите сервери, па останува истата да се причека или да се искористи закрпата на следниот линк. Оперативните системи кои што се дел од ризичните ги вклучува следните:

  • Debian Wheezy (stable), OpenSSL 1.0.1e-2+deb7u4
  • Ubuntu 12.04.4 LTS, OpenSSL 1.0.1-4ubuntu5.11
  • CentOS 6.5, OpenSSL 1.0.1e-15
  • Fedora 18, OpenSSL 1.0.1e-4
  • OpenBSD 5.3 (OpenSSL 1.0.1c 10 May 2012) and 5.4 (OpenSSL 1.0.1c 10 May 2012)
  • FreeBSD 10.0 – OpenSSL 1.0.1e 11 Feb 2013
  • NetBSD 5.0.2 (OpenSSL 1.0.1e)
  • OpenSUSE 12.2 (OpenSSL 1.0.1c)

Извор: Heartbleed, Mashable

Претходна статијаПознатиот сервис Livestream претстави апликација за Google Glass
Следна статијаWowhoo безжичен полнач за мобилни телефони
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.