instagram_bolt_screen-f

Snapchat е меѓу најпопуларните апликации, посебно кај помладата генерација, преку која што можете да испраќате слики и видеа со своите пријатели. Сликите можете да ги збогатите со додавање на текст или цртежи, а главната карактеристика на оваа апликација е рокот од 1 до 10 секунди колку што примачот на пораката може да ја види истата, по што ќе биде избришана од неговиот мобилен и серверите на Snapchat. Поради големата популарност на апликацијата, повеќе компании имаат претставено или се шпекулира дека ќе претстават нивни конкурент. Facebook веќе претстави своја верзија од ваква апликација, која што сепак вклучува и неколку дополнителни функции, а наречена е Slingshot.

Иако Instagram е во сопственост на Facebook, па би си помислиле дека од компанијата не планираат да претстават уште еден конкурент на истата апликација, сепак според одредени информации, таква апликација можно е да е во изработка. Неколку корисници на Instagram на Android имаат забележано реклама за апликација наречена Bolt која што е опишана како апликација за пораки со слики која што работи со еден клик (One tap photo messaging). Како што често се случува, можно е да се работи за случајно прикажување на апликацијата која што е во изработка и треба да биде претставена во иднина.

instagram_bolt_screen_full

Меѓутоа од порталот TechCrunch имаат и друга теорија. Според нив, можно е да се работи за тестирање на платформата за рекламирање на апликации со директен линк до продавниците за апликации, а прикажаната апликација во рекламата да е фиктивна, односно не постои и е случајно избрана. Рекламите за апликации веќе функционираат на Facebook, а според финансискиот извештај од компанијата, тие им носат голем профит.

Друга причина поради која што може да се верува дека сепак се работи само за тестирање на платформата за реклами е името на апликацијата, Bolt, кое што веќе се користи од друга позната апликација достапна во продавницата за апликации.

Извор и слики: The Verge, TechCrunch

Претходна статијаThe Sims 2 Ultimate Collection достапна бесплатно до 31 Јули
Следна статијаSwich: Држач и безжичен полнач за вашиот мобилен уред
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.