
Instagram ќе почне да води поголема грижа за тоа кој се’ е дел од нивната мрежа и какво влијание прави тоа. Конкретно, целата е да се откријат сметките од ботови, како и од групи на влијанија кои организирано објавуваат лажни вести со цел влијание на изборни процеси, на пример.
Начинот на којшто Instagram ќе почне да се справува со ваквите сметки е преку барање на дополнителна идентификации од одредени сметки, односно барање за прикачување на официјално издаден документ за лична идентификација.
Доколку некои од сметките одбијат да се идентификуваат, приоритетот на нивната содржина ќе биде намален, а исто така може да бидат избришани.
Од Instagram истакнуваат дека личните документи ќе бидат чувани до 30 денови, по што ќе бидат избришани, а истите нема да бидат споделувани со никого.
Вниманието на Instagram да побара дополнителна идентификација може да биде привлечено од сметки кои прикажуваат неавтентично или координирано неавтентично однесување, како и сметки чии следбеници во главно се на различна локација од самата сметка. Исто така, сметки кои покажуваат знаци на автоматизирано однесување, односно сметки креирани од страна на ботови.
Сето ова сега се воведува најверојатно поради изборите кои треба да се одржат во САД до крајот на годината, а Facebook веќе има огромни критики за тоа како беше искористена нивната мрежа за изборите во 2016.