Instagram минатата недела објави неколку статистики кои ја карактеризираат 2018 година. Извештајот наречен „Instagram 2018 Year in Review“ покажува работи како тоа колку пати е користена одредена реакција во Stories, колку пати е употребена „срце“ иконата во коментарите, односно од компанијата имаат избрано неколку категории, па еве да видиме што ја одбележа оваа година на оваа мрежа.
- Најмногу користен филтер за лице во Instagram Stories е Heart Eyes
- Најмногу користен Giphy стикер во Instagram Stories е Heart Love Sticker by Arata
- „Срце“ иконата била користена во коментари 14 милијарди пати
- Најсреќната локација во светот, односно локација со најмногу пати користена икона за осмех е Дизниленд Токио
- Хаштаг со најголем раст бил #fortnite
Останатите статистики, кои можеби и не се толку важни за во нашата земја, како и видеото од Instagram, можете да ги погледнете на следниот линк.