Twitter воведе интересна функција, посебно за медиумите и корисниците што пренесуваат голем број на информации, која овозможува креирање на сопствена листа со твитови (custom timeline). Поточно оваа функција ви ја нуди можноста да креирате посебна листа во која што вие избирате кои твитови ќе бидат вклучени и прикажани во листата. Листата е јавно достапна за сите да може да ја видат, а истата може да ја споделите преку Share копчето за привлекување на повеќе следбеници.
Пример за корисноста на оваа функција е одржувањето на некој спортски натпревар за кого е креиран hashtag. Преку него секој што сака да се вклучи во коментирањето постира твит користејќи го тој hashtag, па секој кој сака да ја види развиената дискусија, се што треба е да го побара тој hashtag. Доколку дискусијата развиена е доста интересна и на истата има одредена бројка на твитови што сметате дека е вредна за пренесување на вашата публика, сега може да ја креирате вашата посебна листа во која ќе ги вклучите само твитовите што вие сметате дека се интересни. Листата потоа ја споделувате со кого сакате, па затоа што истата е јавна, потоа кој сака ќе може да ја сподели за повеќе луѓе да ја видат.
Моментално креирањето на посебните листи е можно преку TweetDeck или преку достапното API за програмерите. TweeDeck е сервис кој ви овозможува во организиран простор составен од посебни колони да ги менаџирате вашите Twitter кориснички сметки. Креирањето на посебна листа е едноставно и е исто како креирање на посебна колона, функција која што сега ви ја дава можноста да креирате посебна листа. Посебната листа се појавува во посебна колона на контролната табла и истата ја пополнувате со пренесување на твитови од другите колони. Можете да и дадете име, да и поставите одредени правила за твитовите што се прикажуваат и да ја споделите со јавноста, преку вашиот блог или веб сајт или преку Twitter.