linkedin-logo-f

LinkedIn оваа недела воведе нова функција како дел од „Кој го има гледано вашиот профил“, наречена „How you rank“, односно Како сте рангирани. Рангирањето се прави врз основа на тоа колку пати и од колку луѓе вашиот профил е посетен во однос на истото на профилите во вашата мрежа, односно во однос на профилите на вашите контакти.

До страната со вашиот ранг можете да дојдете преку Profile > Whose viewed your profile, по што ќе ја забележите новата лента How you rank for profile view. Страната е организирана во неколку делови. На горната страна ќе го видите вашиот ранг, односно на кое место сте во однос на вашите контакти, како и информација за тоа во која категорија спаѓате процентуално и трендот на прегледите во изминатиот месец. Под овие главни информации, на левата страна од страницата поставена е топ листа со најгледани профили од вашите контакти, додека на десната страна ќе најдете листа од предлози за тоа како да ги зголемите прегледите на вашиот профил.

how-you-rank

Која е целта на ова рангирање, можеби се прашувате? Доколку имате LinkedIn профил кој што не го користите често, како и не го користите за барање на работа и слични деловни контакти, можеби и нема нешто многу да ви користи. Но, луѓето кој што ја користат оваа мрежа за остварување на деловни контакти, без разлика дали се работи за вработување, почнување на соработка, промовирање на одреден производ и бренд, сигурно ќе најдат корист од вакви информации. Еден од начините кој што го предлагаат од LinkedIn во потрагата по работни места и да го отворите профилот на личноста која што е одговорна за барање на вработени во компанијата во која што сакате да работите, па таа личност користејќи го прегледот на профилите може да ве забележи и вас и вашиот профил.

Дали оваа мрежа е развиена во нашата земја, односно дали ја користите за остварување на деловни контакти ?

Извор: LinkedIn Преку: VentureBeat

Претходна статијаХакиран eBay, ќе биде побарано корисниците да ги сменат своите лозинки
Следна статијаСлики со карактеристиките на LG G3 протечени на интернет
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.