Meta најави дека започнува со тестирање на нова поврзаност помеѓу нивните две друштвени мрежи со што корисниците ќе можат полесно да се префрлуваат од едната и другата мрежа. Доста корисно за тие кои се активни на Facebook и Instagram, а тоа не е баш мала бројка.
Тестот од компанијата најавија дека започнува во целиот свет и е достапен преку апликациите на Android и iOS, како и преку веб.
Тоа што корисниците ќе можат да го направат, кога ќе добијат пристап до оваа новина, е лесно префрлување од Facebook на Instagram и обратно, преку било која од овие две апликации. Тоа значи дека како што сега може со еден клик да се префрлат од еден профил на друг на Facebook, истото ќе може да се направи и со Instagram.
Корисниците нема да им потреба да посебно ја вклучуваат едната или другата апликација, па со изборот на профилот кој сакаат да го отворат, ќе се отвори и соодветната апликација.

Со оваа интеграција, корисниците сега ќе можат да ги видат новите известувања од двете мрежи на нивните апликации, што значи дека од Meta прават да нивните две мрежи функционираат скоро како една.
Дополнително, новите корисници ќе можат да креираат еден нов профил, па во исто време да креираат и профил на другата мрежа од Meta, без потреба од почнување на процедурата посебно.