MCC1

Од Microsoft денес го најавија отворањето на MCC (Microsoft Cybercrime Center), преку кој ќе ја водат глобалната борба против интернет-криминалот. Центарот ја комбинира правната и техничка експертиза на Microsoft со најсовремени алатки и технологии, одбележувајќи нова ера во борбата против овој вид на криминал.

Секоја година, компјутерскиот криминал оштетува милиони корисници од целиот свет. Microsoft центарот за борба против интернет-криминал ќе се справува со овие злосторства, вклучувајќи ги и оние поврзани со малициозен софтвер, кражба на интелектуална сопственост, експлоатацијата на малолетници преку интернет и слично. Работата на центарот ќе помогне да се осигураат луѓето ширум светот, така што ќе ги користат нивните компјутери и интернет сервиси со доверба.

Центарот за интернет-криминал се наоѓа во рамките на Microsoft кампусот лоциран во Редмонд, Вашингтон. Објектот располага со врвни технологии кои овозможуваат на тимот да ги идентификува глобалните интернет закани. SitePrint технологијата овозможува мапирање на интернет мрежите на организиран криминал, додека PhotoDNA е една од водечките технологии за борба против детската интернет порнографија. Cyberforensics технологијата нуди напредни можности за детекција на глобалниот интернет-криминал, вклучувајќи онлајн измама и кражба на идентитет.

Во центарот ќе работат околу 100 технички експерти, адвокати, инспектори и форензички аналитичари. Центарот располага и со одделна, обезбедена локација наменета за надворешни соработници што овозможува експерти од целиот свет да работат заедно со експертите на Microsoft. На овој начин центарот се наоѓа во одлична позиција да го направи интернетот побезбеден за секого.

Претходна статијаНовата Facebook Messenger апликација достапна за сите на iOS и Android
Следна статијаNvidia ја најави CUDA 6 платформата