microsoft-outlook-com

Microsoft веќе одреден период води кампања преку низа на реклами во кои што ги напаѓа разните сервиси на Google, со цел да привлече што повеќе корисници на нивните сервиси. Еден од сервисите на Microsoft кој што порано беше меѓу најпопуларните, Hotmail, веќе одреден период е ребрендиран во Outlook.com. Покрај новото име, сервисот е променет целосно, од кориснички интерфејс, до функционалност. Може да се каже дека Outlook.com е доста добар сервис и добро поминува кај корисниците, а бројот на корисници на webmail сервисот од Microsoft, кој што беше се помал, сега пак е во пораст.

За корисниците на Gmail кои што не се задоволни или едноставно размислуваат да пробаат друг сервис, Microsoft воведе алатка во Outlook.com преку која што многу едноставно ќе можат да ги префрлат сите свои пораки, контакти, календари и слично, од Gmail на Outllok.com. Истото може да се направи преку прилагодувањата на Outlook.com, со избирање на Import email accounts, па Google или директно преку следниот линк.

Процедурата потоа е многу едноставна, се најавувате на вашата Gmail сметка преку OAuth, го прифаќате барањето за дозволување на пермисиите потребни за извршување на префрлувањето. Имате можност да изберете кои папки и ознаки сакате да ги префрлите, а статусот на пораките, односно дали се прочитани или не, ќе биде задржан. Исто така можете да изберете дали пораките да бидат префрлени во вашиот Inbox или во посебна папка. Пораките во Gmail ќе останат како што си биле, односно доколку сакате ќе можете да продолжите да го користите сервисот без никаков проблем. По завршување на процесот во Outlook.com ќе биде автоматски додадена и сметка која функционира само за испраќање пораки со вашата Gmail адреса, доколку сакате да продолжите да испраќате пораки со таа адреса преку Outlook.com. Дури и кратко упатство ќе ви биде прикажано за тоа како да наместите препраќање на пораките што пристигаат на Gmail, на вашата Outlook.com адреса.

Microsoft се повикува на истражување од страна на Ipsos компанијата, според кое 1 корисник од 4 би го смениле својот email провајдер доколку би имале лесен начин да го направат истото. Исто така истражувањето покажало дека најважните делови за корисниците на email сервиси, вклучуваат, осигурување дека реклами нема да го нарушуваат нивното корисничко искуство (70%), добра заштита од спам пораки (69%), едноставен кориснички интерфејс (67%), како и не скенирањето на содржината на email пораките за подобро рекламирање (58%).

Извор: Outlook Blog

Претходна статијаMicrosoft размислува за бесплатна верзија на Windows Phone и RT за производителите на уреди?
Следна статијаGoogle воведе можност сами да креирате Street View на Google Maps
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.