Со потпишување на договорот за соработка помеѓу АМЦ и МАРЈАНОВИЌ ЕДУКАЦИЈА започнува со работа MyMentor, првото македонско училиште за ИТ вештини целосно поставено во облаци, на адресата www.mymentor.edu.mk. MyMentor претставува целосно интегриран систем за управување со учењето кој се заснова на оригинална методологија наречена “менторирано учење на далечина”. Со MyMentor учењето се прилагодува според можностите и потребите на ученикот кој, во процесот на учење, никогаш не е препуштен сам на себе. Имено, за надминувањето на сите потешкотиите во текот на учењето се грижат искусни, компетентни ментори.
Клучните придобивки кои ги овозможува овој пристап се заштедата на времето и средствата и подигнување на квалитетот на учењето. Со MyMentor ученикот може да учи во време и на место кое најмногу му одговара што е од особено значење за луѓето со густ распоред на обврски и малку слободно време. Дополнително, оваа форма на учење е корисна за лица со физичка попреченост која досега ги спречувала да посетуваат настава во традиционални училишта. Сега тие ќе имаат можност да учат од дома со помош на компјутер поврзан на интернет.
“Соработката со АМЦ ќе ни овозможи да се фокусираме на нашите клучни активности – менторирањето, одржувањето на системот и создавањето нови курсеви” изјави Александар Марјановиќ, основач на училиштето, додавајќи дека “најголемата придобивка е можноста овој вид школување да се направи достапно со помош на партнер кој ужива огромна доверба кај јавноста.”
“Голем удел во успехот на АМЦ лежи во фактот што постојано се трудиме на нашите клиенти да им понудиме производи и услуги од новата технологија што во себе содржат вистинска вредност и квалитет, како што е впрочем и во овој случај. Технологијата и технолошките производи од една страна и едукацијата и знаењето за технологијата од друга страна се взаемно составни делови од едно цело. Оттука сосема природно се наметна оваа соработка меѓу нашите две компании кои имаат долгогодишно искуство и традиција на нашиот пазар„ – изјави Горан Димитровски, извршен менаџер на АМЦ.
Според договорот, АМЦ ќе функционира како единствен овластен продажен партнер кој ќе го овозможи плаќањето на обуките преку сопствената веб продавница, поставена на www.amc.com.mk.
###
За MyMentor
MyMentor е продукт на МАРЈАНОВИЌ ЕДУКАЦИЈА, компанија основана и водена од Александар Марјановиќ, основачот на најстарата приватна образовна установа во Македонија – Alexandria. Тимот на MyMentor е составен од искусни ментори кои се грижат за обезбедување помош, поддршка и секако, оценување на стекнатите вештини на учениците. Платформата за учење на далечина е резултат на над 20 години искуство во областа на едукацијата, многубројни истражувања на пазарот на трудот и е дело на тим составен од инженери, девелопери, искусни ИТ професионалци, проект менаџери, експерти за инструкциски дизајн и продукција на е-курсеви, администратори, како и голем број други соработници.
За АМЦ
АМЦ компјутери е формирана 1991 година во Скопје. Од 1995 година главна дејност на компанијата е увоз, производство и продажба на информатичка опрема и софтвер. Денес АМЦ е компанија која вработува над 100 лица, поседува ланец од продажни објекти во 15 града во Македонија и е еден од најголемите дистрибутери на компјутерска опрема.
Контакт
Зоран Цоцовски, маркетинг комуникации, тел 072 228 583, zoran.cocovski@amc.com.mk