star1

Google воведе можност за означување на вашите контакти со додавање на ѕвездичка. Ова е можност достапна веќе подолг период во Gmail и е добро позната на корисниците. Наменета е за лесно издвојување на пораките, а во новиот случај контактите, кои што би сакале на лесен начин покасно да ги пронајдете.

Како и за пораките, така и контактите кои се означени ќе можете да ги видите во посебна папка за значените контакти (Starred). Доколку сте корисник на Android уред, означувањата на контактите ќе се синхронизира, односно означувањето на некој контакт преку веб страната, ќе го означи и во листата на контакти на Android уредот и обратно.

Извор: Google Gmail

Претходна статијаBlackphone паметен телефон направен за приватност
Следна статијаРедизајниран Gedit текст едиторот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.