Screenshot 2014-05-06 20.38.42

OneDrive, познатиот сервис од Microsoft за складирање на фајлови во облакот денеска доби неколку нови функции. Новите функции се достапни на веб, како и на Android апликацијата. Во продолжение прочитајте ги новите функции достапни на овие две платформи.

Подобрен начин на прикажување на сликите и видеата на веб

Доколку отворите некоја од папките во OneDrive која што има слики, истите се прикажани како мали сликички за полесно да можете да ги видете без потреба од нивно отворање. Сега тие сликички се поголеми, со што нивното прегледување дополнително се олеснува. На овој преглед се додадени и видеата, односно прикажани ќе бидат сликички наместо досега прикажаната икона за видео, со што многу полесно ќе можете да ги пребарувате и видеата кои што ги имате зачувано.

Camera-roll-OneDrive1

Прилагодување на сликата што се прикажува на папките

Папките кои што имаат слики, како што се албум папките, прикажуваат разни слики на нив кои што се содржани во нив. Сликите се избрани случајно, па можеби не сакате избраните слики да се прикажуваат или сакате самите да изберете точно која слика да се прикажува за соодветната папка. Сега ја имате таа можност, односно со притискање на конкретната слика и избирање на Manage, можете да изберете да биде поставена како насловна слика на папката преку притискање на Add as cover можноста.

Објавување на видеа на Facebook

OneDrive веќе ја има можноста за објавување на слики на Facebook. Сега е додадена можноста за објавување на видео директно на Facebook. Тие ќе бидат објавени исто како да ги имате прикачено, односно при нивното притискање на Facebook тие веднаш ќе бидат пуштени и нема да го однесат корисникот да го видат видеото на OneDrive страната.

Video-Share-to-Facebook_FINAL

Додавање на нови фајлови на претходно споделени

Во OneDrive ја имате можноста да споделите повеќе фајлови од една папка, наместо целосно да ја споделите истата. Со тоа можете на пример, да споделите неколку слики од вашата Camera Roll папка, без потреба целата папка да биде споделена со други корисници. Сега е додадена можноста на веќе споделените фајлови, односно во таа група дополнително да додадете други фајлови. Тоа значи дека на споделените слики од една папка, можете да додадете уште слики кои што претходно не биле дел од споделената содржина.

Kauai-2014-OneDrive

Нови функции на Android апликацијата

Android апликацијата е надградена на верзија 2,5 и во неа се вклучени следните нови функции:

  • Споделување на фајлови и папки преку покана на луѓе, испраќање на линк или преку испраќање на фајлови на друга апликација
  • Прилагодување на сетинзите за споделување на фајловите
  • Селектирање на повеќе фајлови за симнување
  • Преместување на фајлови и папки
  • Сортирање на фајлови и папки

Android

Извор: OneDrive блог

Претходна статијаDuckDuckGo, пребарувачот што не ве следи, со нов дизајн и функции
Следна статијаMicrosoft поднесе барање за патент за паметен часовник
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.