tablet-transparent-remote

Prezi е платформа за креирање на презентации која што започна како веб апликација. Она што ја направи популарна, а различна од повеќето други вакви апликации е концептот за правењето на презентациите, односно нивниот изглед.

Тие се прават на принцип на зумирање на деловите кои што се дел од едно таканаречено платно, наместо стандардниот начин на менување на слајдови. Овој начин им дава на презентациите еден посебен и привлечен изглед. Се разбира Prezi ги овозможува остатокот од можностите за една ваква апликација, односно внесување на текст, слики, видеа и слично.

Prezi до сега беше достапна како посебна апликација за Windows, Mac, како и на iPad и iPhone. Со исклучок на iPhone верзијата која што е наменета за отворање и прикажување на презентациите, другите апликации овозможуваат и нивно креирање и промена.

Од оваа недела конечно е достапна и Android апликација која што за првпат беше претставена во бета верзија пред неколку месеци. Тогаш таа беше достапна само за корисниците во Австралија, а сега истата може да ја користат сите заинтересирани корисници.

phone-16-9

Android апликацијата е една за мобилните уреди и таблет компјутерите, односно не е претставена посебна верзија како што е случајот со iOS. Корисниците на Android ги добиваат функциите достапни за мобилните телефони, што значи нема да можат да креираат или менуваат презентации. Апликацијата ќе може да ја користат за презентирање преку нивните уреди, односно нема да има веќе потреба од носење на лаптоп компјутер и слично.

Prezi за Android е достапна во Play Store и можете да ја симнете преку следниот линк.

google-play-badge

Извор: Prezi

Претходна статија1.000 патишта до слободата?
Следна статијаOrigin Omega – Гејмерски компјутер за дневната соба
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.