have-pwned

Сигурно имате прочитано за хакерски напад кој што ја има пробиено заштитата на одредени познати сервиси и од нив одземено голем број на информации за корисничките сметки, како корисничко име, лозинка, email адреса и слично. Овие напади иако не се толку чести, сепак ги има доволно во последните неколку години и обично таргетираат познати сервиси, како, Adobe, Yahoo, Sony и друго.

pwned-site

Нов сервис наречен Have I been Pwned овозможува да проверите дали вашата сметка е дел од одземените при некој напад. Овој сервис од вас ја бара само вашата email адреса и врз основа на неа проверува дали е дел од големиот број на одземени податоци. Тоа го прави врз основа на база на пробиени сервиси и нивните информации, моментално од следните сервиси:

  • Pixel Federation Декември 2013
  • Vodafone Ноември 2013
  • Adobe Октомври 2013
  • Yahoo Јули 2012
  • Stratfor Декември 2011
  • Sony 2011
  • Gawker Декември 2010

Доколку користите некој од овие сервиси, можете да ја проверите вашата сметка, преку email адресата што ја користите за најавување на сервисот. Доколку вашата сметка е дел од украдените, сменете ја вашата лозинка. Исто така не практикувајте користење на истата лозинка на повеќе сервиси.