Web

Развојот на вештачката интелигенција е нешто што е интересно за научниците и истражувачите веќе одамна. Слободно може да се каже дека од кога постојат компјутерите, научниците размислуваат како тие да прават одредени активности кои што се карактеристични за човекот. Тоа подразбира компјутерски системи кои што се способни да дадат одговор на одредени сложени проблеми, меѓутоа и роботи кои што се способни да го заменат човекот во одредени области. Најважната работа која што роботите треба да се способни да ја прават е можноста за надградување на знаењето, можноста за прилагодување во нови ситуации, па од тука доаѓа и желбата за развојот на вештачката интелигенција од страна на научниците.

Интересното во оваа област од науката и технологијата е што веќе неколку познати научници и луѓе од областа на технологијата почнуваат да ги искажуваат своите загрижености околу можните последици од развојот на вештачката интелигенција. Тие одат до таму што предупредуваат од можни случувања како во некој од познатите филмови, а можеби најпознат од оваа област е Terminator. Сепак тоа се само можни сценарија за кои што се предупредува, па тоа не значи дека развојот на вештачката интелигенција ќе биде намален или прекинат.

Група на научници, како дел од универзитетски проект, развиваат систем кој што треба да им служи на роботите во светот да добиваат информации за активностите кои што треба да ги извршуваат. Овој систем постепено се полни со голем број на информации, код, слики, видеа и слично, а не случајно го носи името Robo Brain. Овој систем треба да претставува еден централизиран „мозок“ во облакот кој што роботите ќе може да го користат. Со користењето на системот од страна на роботите, тие исто така ќе праќаат назад информации од нивното работење, со што базата на податоци дополнително ќе се зголемува.

Проектот, кој што не е прв од ваков вид е воден од страна на Ashutosh Saxena од Cornell University, а дел од него се и истражувачи од Brown, Stanford универзитетите меѓу другите. Финансирањето на проектот доаѓа од National Science Foundation, Office of Naval Research, Google, Microsoft и Qualcomm.

Извор: Engadget, Wired, Robo Brain

Претходна статијаЧовек баран од полицијата, уапсен по објавување на негово Ice Bucket Challenge видео на Facebook
Следна статијаAsus најави паметен часовник кој ќе биде претставен на IFA 2014 настанот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.