Гигантот Yahoo обелодени дека со големиот безбедносен скандал од 2013-тата биле засегнати сите 3 милијарди регистрирани сметки. Yahoo повремено ја менуваше изјавата изминатите 4 години, иако првично уверуваше дека се работи за „само“ 1 милијарда.

На хакерскиот напад изложени беа информации на корисниците. Mета беа имиња, лозинки, мејл адреси, датуми на раѓање, телефонски броеви и сл. За чудо, или барем како што објави Yahoo, при нападот не биле злоупотребени банкарските сметки или информации за нив.

Департманот за Правда на САД за нападот обвини руски официјални лица, кои веќе наредната година завршија на суд. Денешната информација доаѓа 4 месеци по превземањето на компанијата од страна на телекомуникацискиот гигант Verizon, зделка „тешка“ 4,48 милијарди долари.

Извори: The Verge, Reuters

Претходна статијаФранцуска компанија разви егзоскелетон, со кој инвалидизираните лица ќе можат да проодат
Следна статијаGoogle ги претстави Pixel 2 и Pixel 2 XL, кои се еволуција на претходниците