По појавата на Threads апликацијата оваа недела во Play Store и во App Store, со можна дата на пуштање на 6 јули, сега ја имаме и официјалната потврда на оваа дата кога апликацијата ќе им стане достапна на корисниците.
Прво потврдата дојде од главниот на Instagram, преку која мрежа се пушта Threads, а сега со пребарување во Instagram апликацијата со зборот Threads, се појавува картичка на која е напишана датата 6 јули и 16:00 часот.
На оваа картичка е ставен и линк до профилот на корисникот, па тој веднаш ќе може да го сподели за да почне со следење со нови пријатели.

Купувањето на Twitter од страна на Елон Маск за група на луѓе е негативна работа, па пуштањето на алтернативи на оваа мрежа стана популарно. Во случајот со Instagram и Meta не мора да се гледа до толку во тој правец, а од компанијата цело време гледаат како да ги задржат огромниот број на корисници, како и да привлечат нови.
Како што би се очекувало од апликација конкурент на Twitter, корисниците ќе можат да следат други корисници, а објавите ќе бидат во форма на текст, со можност за додавање и на слики и видеа.
Ваквите апликации се одлични за следење на одредени интереси, теми и генерално дискутирање за се што е актуелно. Ќе видиме како ќе ја прифатат корисниците оваа апликација и дали тоа ќе им влијание на Twitter.