timewaste-hero

Поминувањето премногу време на интернет страни наменети за пополнување на времето слободно може да се каже дека е проблем за голем број на луѓе. Страна број еден во денешно време за ваква намена е секако најголемата социјална мрежа Facebook.

Многу луѓе се обидуваат барем нешто помалку време да поминуваат отворајќи ја страната на Facebook повеќе пати во денот, а некои од нив единственото решение го наоѓаат во деактивирање на својот профил.

Поради масовноста на овој проблем во денешно време, на интернет можат да се најдат повеќе сервиси кои што го мерат времето поминато на одредени страни, а доста од нив нудат и можност за нивно блокирање после одреден период.

Timewaste Timer е уште еден ваков сервис, меѓутоа се разликува од другите по методот што го користи за да ве натера навистина да поминувате помалку време, во овој случај на Facebook. Тоа го прави преку наплаќање на 1 долар за секој час поминат на социјалната мрежа во текот на денот.

Се работи за сервис кој што моментално работи само преку додатокот на Google Chrome. Тој го мери времето поминато на Facebook, па доколку тоа е повеќе од 1 час во денот, наплаќа 1 долар од вашата сметка.

Вашата сметка ја дополнувате со 20 долари при нејзиното креирање, а доколку тие не се доволни, имате можност да додадете уште.

Развивачите на Timewaste Timer најавуваат дека во иднина планираат да воведат и систем за награди, поради фактот што „казната“ не е ефикасен начин за мотивација на повеќето луѓе. Сепак сега за сега може да се каже дека ова е интересен начин за зголемување на свесноста на луѓето за поминатото време на Facebook, иако е во форма на еден вид на симболична казна.

Извор: Timewaste Timer, TNW

Претходна статијаLenovo K80 – Еден од најмоќните смартфони со 4 GB рам и батерија од 4000 mAh
Следна статијаСоздадено стакло од глина отпорно на куршуми
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.