Минатата недела турската влада го блокира пристапот до Twitter социјалната мрежа поради ширењето на материјал во кој што е претставен наводен разговор на премиерот Реџеп Таип Ердоган со неговиот син за ослободување од одредена сума на пари. Овој потег предизвика голем контра ефект зголемувајќи го бројот на твитови од Турција за 138% преку користење на SMS сервисот, посебни DNS сервери, како и VPN сервиси.
После заобиколувањето на блокадата спрема Twitter, се проширија информации дека сега турската влада направила прилично нестандарден потег блокирајќи ги DNS серверите на Google кои што голем број на турски корисници ги користеле за поврзување на социјалната мрежа. Google нуди сервис на јавни DNS сервери кои што корисниците може да ги користат наместо стандардните сервери користени од нивниот интернет провајдер.
Веб страните како Facebook и YouTube сеуште може да се користат во Турција, меѓутоа според одредени информации YouTube сервисот би можел да биде нареден за блокирање.
Извор: Geek, Today’s Zaman, BusinessWeek