10073432733_86c9f55212_c

На почетокот од оваа недела можевте да прочитате за тоа дека Twitter тестира прикажување на твитовите кои што се означени како омилени (favorite) на листата со новости. Ова е различно од концептот на социјалната мрежа да прикажува само твитови од луѓето и страните кои што го следите. Тука е и прашањето за промената на концептот на омилените твитови кои што досега се сметаа за приватни, нешто што ви овозможуваше начин да зачувате нешто за подоцна да го прочитате или начин да покажете дека нешто го цените, меѓутоа само на тој што го има постирано твитот.

Од променетата содржина на страната на Twitter каде што е објаснет концептот на листата со новости, може да се види дека промените не се обично тестирање, туку тие се официјално воведени за сите корисници. Тоа значи дека од сега на вашата листа со новости нема да ги гледате само твитовите кои што се постирани од корисниците кои што ги следите, туку на неа ќе бидат прикажани и други видови на содржина. Поточно, на листата со новости ќе можете да видите и твитови, сметки или друга содржина кои што се популарни или важни, односно твитови кои што не се од корисниците кои што ги следите. Во продолжение можете да го прочитате официјалното објаснување на страната на Twitter:

Додатно, кога ќе идентификуваме твит, сметка или друга содржина кои што се популарни или важни, ние може да ги додадеме на вашата листа со новости. Ова значи дека некогаш ќе гледате твитови од сметки кои што не ги следите. Ние го избираме секој твит користејќи различни сигнали, вклучувајќи колку е популарен и како луѓето во вашата мрежа имаат интеракција со него. Нашата цел е да ја направиме вашата листа со новости поважна и повеќе интересна.

Оваа промена го менува концептот на работа на Twitter, нешто што сигурно нема да им се допадне на голем број на корисници. Предноста на оваа социјална мрежа во споредба со Facebook беше токму можноста да ги видите сите работи кои што се постирани од корисниците кои што ги следите и ништо повеќе. Сега алгоритамите на компанијата ќе одлучуваат дали можеби сакате да видите и додатна содржина, покрај таа што имате избрано да ја следите.

Дали ви се допаѓа оваа промена на Twitter или сметате дека го уништува корисничкото искуство на мрежата ?

Извор: Engadget, Twitter

Претходна статијаSteve Ballmer се повлече од бордот на директори на Microsoft
Следна статијаGoogle ја претстави Photo Sphere апликацијата за iOS
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.