twitter_logo

Доколку сте активен корисник на Twitter сигурно следите голем број на луѓе и портали, па секогаш кога тие ќе објават нешто на оваа мрежа вие тоа го гледате на вашата листа со новости. Но можеби од големиот број на луѓе што ги следите има некои кои што сепак не сакате да ги гледате во листата кога ќе објават нешто, но не би сакале да ги избришете, односно да престанете да ги следите.

Twitter од вчера официјално претстави нова можност за корисниците, mute копче, преку кое што можете да ги исклучите твитовите од избрани корисници. Со притискањето на mute на некој корисник ќе престанете да ги добивате неговите твитови и ретвитови на вашата листа со новости, како и било какви нотификации и SMS пораки за тој корисник. Mute копчето можете да го најдете на две места, односно како дел од more менито до твитот на корисникот или како дел од менито со gear икона на неговиот профил. Корисникот кој што го имате „стишено“ и понатаму ќе може да ги гледа вашите твитови, да ги означува како омилени, да ги ретвитува, но вие нема да ја гледате таа активност.

Оваа нова можност ќе биде овозможена за сите корисници на веб, Android и iOS во наредните недели почнувајќи од оваа недела, па доколку се’ уште ја немате, ќе треба да причекате додека стигне за корисниците во нашата земја.

Извор: Twitter

Претходна статијаMotorola го претстави Moto E, евтин телефон за новите корисници
Следна статијаКако Facebook влијае на вашата самодоверба
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.