ubuntu_one_logo

Како што најавија на почетокот од Април, Canonical го гаси својот сервис за складирање на фајлови во облакот, Ubuntu One. Сервисот официјално е прекинат од почетокот на овој месец, односно од 1-ви Јуни. Имате време во наредните два месеци, односно до 31-ви Јули да ги симнете вашите фајлови, затоа што после таа дата истите ќе бидат избришани.

Доколку ја посетите страната на Ubuntu One, ќе бидете пречекани од известување на кое што на кратко е објаснета одлуката, како и копче кое што ви овозможува симнување на сите ваши фајлови во .zip формат. Од Canonical исто така го препорачуваат сервисот Mover.io кој што можете да го искористите да ги префрлите сите ваши фајлови директно на некој од конкурентните сервиси како Dropbox, OneDrive, Google Drive, Box и слични. Овој сервис е корисен доколку имате голем број на фајлови кои што зафаќаат поголем простор, па нема да треба да губите време со нивно симнување, а посебно потоа со нивно качување на некој од другите сервиси. Во соработка со Canonical, Mover.io сервисот го нуди префрлувањето на фајловите бесплатно, меѓутоа со ограничување од 2GB.

ubuntu-one-info

Како што беше објаснето при објавувањето на веста за престанување на сервисот, Ubuntu One поради недоволно корисници кои што ги користат платените пакети, како и огромната конкуренција од големите компании, не е во можност да го овозможи сервисот на начин како што тие сметаат дека треба. Поради тоа од Canonical се одлучуваат на овој чекор, односно целосно откажување на сервисот.

 

Претходна статијаIntel со нов Core M процесор
Следна статијаBttn: Автоматизирани активности со притискање на едно копче
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.