Можноста за најавување на разни интернет сервиси преку Facebook или Google корисничките информации постои веќе подолг период. Таа можност им овозможува на корисниците да не прават посебни кориснички сметки за секој сервис, па на нив да се најавуваат преку нивните Facebook или Google сметки.
Yahoo почна да нуди можност корисниците наместо да креираат своја Yahoo сметка, да се најават на email или другите сервиси преку Facebook или Google корисничките информации. Оваа можност Yahoo почна да ја нуди во Јануари 2011 пред доаѓањето на Marissa Mayer на челото на компанијата. Со доаѓањето на новата директорка започнуваат повеќе промени во компанијата и обиди истата да биде вратена на старите позиции.
Постепено Yahoo ќе почне да ја трга оваа можност, односно можноста за најавување преку Facebook и Google на нивните сервиси. Прво ќе започне од неколку сервиси, по што ќе се прошири на сите сервиси кои што ги нуди Yahoo, вклучувајќи го и email сервисот. Корисниците кои што го имаат користено овој начин на најавување ќе мора да креираат нова Yahoo сметка.
Користењето на нивна корисничка сметка на компаниите им овозможува поголем пристап до оние информации за кои што се повеќе има дискусии дали се нарушување на приватноста. Поточно преку информациите за вашите навики при сурфањето, вашите пораки и слична комуникација, компаниите ви овозможуваат персонализирани информации, како и се разбира главното, реклами.