YouTube се најде под големи притисоци откако некои компании увиделе дека нивните реклами се појавуваат на видеа кои промовираат екстремизам или насилно однесување, тероризам и слично. Видно незадоволни, несакајќи со своите пари да спонзорираат екстремизам и да го уриваат сопствениот имиџ, компаниите како резултат на тоа решиле да ги повлечат своите реклами. Тоа било и повеќе од доволен знак за компанијата да превземе итни мерки по тоа прашање.
За таа цел Google се осврна на својот капацитет на вештачка интелигенција, од кој се очекува да ги „лови“ ваквите видеа. Се работи за унапреден софтвер кој ќе има капацитет да регистрита до 5 пати повеќе дискутабилен видео материјал. Големината на YouTube датотеката е невозможна за проверка од страна на човек, па затоа, ќе мора да се потпрат на вештачката интелигенција.
Сличен заклучок дели и Филип Шиндлер, еден од првите луѓе на Google кој смета дека луѓето задолжени за решавање на оваа проблематика не се семоќни, односно дека проблемот не може да биде решен без помош на вештачка интелигенција. Се по извесно станува дека во име на безбедноста и квалитетот на содржините, пребарувачите како Google, YouTube и сл. ќе мораат да се потпрат на вештачката интелигенција и дека унапредувањето на истата ќе мора да стане приоритет.
Извор: TNW