360-degree-camera

Гледате Формула 1 натпревар. Интересно е да се гледаат болидите од надвор но уште поинтересно е кога ќе се запали камерата што се наоѓа на самиот болид. Таа е сепак ограничена бидејќи ви дава само дел од искуството насочено кон напред или позади. Колку би било интересно да може да погледнете и од страна во реално време, како да сте качени на самиот болид.

Ова веќе нема да биде желба и замисла бидејќи YouTube само што воведе начин да се прегледуваат видеа снимени во 360 степени. Дополнително, веќе се објавени неколку пробни видеа кои овозможуваат да го тестирате овој концепт. Се` што ви е потребно е да имате Chrome прегледувач или последната YouTube апликација за Android, што не сметам дека е проблем денес. Кога ќе го пуштите видеото, можете со глушецот да кликнете и да го вртите погледот на каде и да сакате.

Видеата засега не се со висок квалитет поради тоа што за пренесување на податоци како стандардно квалитетно видео, но во 360 степени, треба 5 пати поголем пренос како и моќен процесор. Сепак, ова покажува накаде ќе се движи оваа технологија и како ќе може да се искористи. Замислете гледање на филм во 360 или барем 270 степени, овозможувајќи ви поголем избор на тоа што точно го гледате (и зголемување на маките на камерманите и екипата кои ќе мора многу повеќе да пазат околу кадрите и што се појавува во нив).

Можете и вие да објавите вакво видео ако имате таква опрема, со тоа што треба да биде изработено во еднаквоквадратест формат (equirectangular) како и да го обработите видеото со Python скрипта за YouTube да го препознае дека е такво.

Скрипта за обработување на видео во 360 формат за YouTube

 

Извор: GizModo, YouTube Creator Blog

Претходна статијаYouTube ги претстави Cards – Интерактивни карти за повеќе информации во видеата
Следна статијаСиликонската долина VS Смртта (прв дел)