pinterest

Според истражување спроведено на 50.000 случајно избрани корисници од страна на RJMetrics, главните корисници на Pinterest социјалната мрежа се жените. Тие сочинуваат 80% од вкупниот број на избрани корисници, со што соодветно мажите ги остава со само 20%. Корисничките не само што се најмногубројни, тие се и активни од самиот почеток на оваа мрежа, односно 84% од нив се се’ уште активни од пред 4 години кога оваа социјална мрежа започна со работа.

users-by-gender

Исто така жените се во големо водство во бројот на „пинови“, па така тие сочинуваат 92% од објавите на мрежата. Во изминатата година просечниот женски корисник има објавено околу 158 пинови. Од истражувањето може да се види и кои се категориите кои што се најпопуларни меѓу женските корисници, па така на прво место е категоријата Јадење и пиење со 20% од објавите, на второ место е категоријата занаети со 12% и третото место го има категоријата Домашен декор со 11%.

pins-by-gender

womens-pins-by-category

Дали сте корисник на Pinterest мрежата и дали мислите дека и во Македонија соодносот е ист помеѓу машките и женските корисници ?

Извор: RJMetrics

Претходна статијаVirtru сервис за енкрипција на email комуникацијата
Следна статијаЛондонската полиција започнува проект за камери кои се носат на полицајците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.