Договорот помеѓу Microsoft и Activision Blizzard, за купување на втората компанија, иако изгледаше дека има големи шанси да не се реализира, сепак сега може да продолжи според роковите.

Обидот за блокирање на договорот од страна на американската FTC беше одбиен од страна на суд во Сан Франциско, па се што му останува на Microsoft е да се договори со британската CMA.

Интересно беше што „строгата“ Европска Унија не направи проблем за договорот, па во мај оваа година Европската Комисија донесе одлука да го одобри купувањето на оваа позната гејминг компанија.

Како главни аргументи на регулаторните тела кои се обидуваат да го блокираат договорот во главно се намалувањето на конкуренцијата на пазарот, а тоа посебно се истакнува за пазарот на стриминг на игри.

„Купувањето на Activision од Microsoft е опишано како најголемо во технолошката историја. Заслужува проверка. Таа контрола се исплатеше: Мајкрософт се обврза писмено, јавно и на суд да го задржи Call of Duty на PlayStation 10 години на исто ниво со Xbox. Склучи договор со Nintendo да го донесе Call of Duty на Switch. И склучи неколку договори за првпат да ја донесе содржината на Activision на неколку услуги за „cloud“ игри. Одговорноста на овој суд во овој случај е тесна. Треба да се одлучи дали, и покрај овие тековни околности, спојувањето треба да се запре – можеби дури и да се прекине – во очекување на разрешување на административната акција на FTC.“ – гласи дел од објаснувањето на судот во САД.

По оваа одлука во САД, Microsoft и британската CMA се договорија да започнат преговори и да се прекине блокирањето. Според информациите, може да се очекува дека договорот ќе биде постигнат.

Microsoft има уште мал период после кој договорот со Activision Blizzard ќе се смета за неуспешен, за што тие ќе треба да и платат на компанијата прилично висока сума на пари.

Од FTC остануваат на нивниот став дека договорот би бил штетен за пазарот, па најавуваат продолжување на битката да се блокира истиот.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЗелените коридори на ЦЕФТА и Транспортната заедница кон ЕУ одбележуваат една година од имплементацијата
Следна статијаАЕТМ: Во првите 3 месеци од 2023, кон домашните е-трговци се слеале 123,1 милиони евра, што претставува раст од 14,5%
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.