72390230ghlive-bandmatesjpg-d12f29_624w

Сопствениците на конзоли сигурно играле барем една од игрите Guitar Hero, и да бидеме реални тоа е една од игрите која бара беспрекорни рефлекси доколку сакате да поставите рекорд. Франшизата која разви посебни контролери кои функционираа само за оваа игра (во форма на гитара, секако) беше толку популарна што имаше цели настани и шампионати за натпревари помеѓу играчите.

После 5 години, франшизата најавува нова едиција, Guitar Hero Live која има за цел да го стави играчот во кожата на гитарист во фиктивен бенд. Вака ќе имате преглед од прво лице кон публиката (која ќе биде составена од актери) и кон бендот (кој ќе биде од компјутерски генерирани карактери) додека Вие свирите некое опасно соло.

Согласно на тоа колку ќе бидете добри или лоши во изведувањето на музиката, атмосферата и публиката ќе реагира соодветно, како и претходно, но се надеваме дека искуството во овие едиции ќе биде поинтензивно од претходно.

Кога ќе додадете онлајн елемент на играта и музика од познати бендови тоа ја прави поинтригантна за играње.

Од тоа што можеме да го видиме од трејлерот на играта, еуфоријата е огромна и добивате чувство дека сте на бина, особено со фактот што 90% од тоа  што го гледате е видео од вистински луѓе, а компјутерски генерираните ликови изгледаат многу добро.

Извори: GuitarHeroGames, Phys

Претходна статијаНовиот Linux Kernel 4.0 е просечен прогрес на кодот
Следна статијаApple забранува селфи стапови на WWDC 2015