xbox-one

Xbox One беше пуштен во продажба при крајот на Ноември минатата година. Една од најголемите новости на овој модел беше вклучувањето на Kinect заедно со уредот, а не посебно за нарачка од страна на заинтересираните корисници. Поради тоа Xbox One доаѓа со цена за 100 долари повисока од неговиот конкурент, кој што моментално има продадено повеќе уреди, Sony PlayStation 4. Слушајќи ги барањата на корисниците, како што изјавува Phil Spencer, главниот на секторот одговорен за развојот на Xbox, тие решија да понудат Xbox One без вклучен Kinect уред и со тоа да ја спуштат цената за 100 долари, односно на 399 долари, со што ја израмнуваат цената со таа на Sony.

Корисниците ќе може да ја купат оваа верзија на Xbox One почнувајќи од 9-ти Јуни, а посебен Kinect за овие корисници ќе биде достапен од оваа есен. Корисниците ќе може да ги користат сите игри и функции на Xbox One, достапни на сегашната верзија кои што се разбира не бараат гласовни команди.

Исто така ние имаме слушнато од луѓето дека тие само сакаат да играат игри со контролер во нивните раце. Ќе продолжиме да иновираме на Kinect, милам дека е важна работа која што не прави различни, но исто така знаеме дека има луѓе таму кои што би сакале да имаат избор кога би сакале да го направат. – Phill Spencer

Претходна статијаtado: Паметен далечински управувач за вашиот клима уред
Следна статијаНова верзија на продавницата за апликации во Windows 8.1
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.