Screenshot 2014-05-16 15.30.57

17 годишник од Бразил е новиот носител на рекордот за најбрзо пишување на мобилен телефон, односно на тастатура на екран на допир. Мерењето е извршено од страна на и рекордот поставен во Гинисовата книга на рекорди. Времето за кое што тој успеал да ја напише потребната реченица изнесува 18,19 секунди, а претходниот рекорд изнесувал 18,44 секунди исто така направен од страна на тинејџер.

За да се прифати времето потребно за пишување на реченицата, истата треба да биде напишана без никакви грешки, односно точно да биде запазено спелувањето и интерпункцијата. Реченицата која што требало да ја напише гласи: “The razor-toothed piranhas of the genera Serrasalmus and Pygocentrus are the most ferocious freshwater fish in the world. In reality they seldom attack a human.”

2014-05-15-image-9

Носителот на рекордот е Marcel Fernandes Filho и за поставување на рекордот ја има користено Fleksy тастатурата која што е достапна за корисниците на Android и iOS.

Обидете се и вие да ја напишете истата реченица, па видете колку време ќе ви треба.

Претходна статијаCortana ќе биде достапна и на Windows ?
Следна статијаVisit Skopje за Windows Phone, апликација за сите домашни и странски посетители на градот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.