Comic Relief, можеби не толку познати за сите, се британска добротворна организација која својата цел се обидува да ја постигне преку комедија. Како што самите истакнуваат, тие се обидуваат да преку моќта на хуморот и популарната култура, да допрат до луѓето и да ги мотивираат да им помогнат на другите.
Од 1988 година, Comic Relief организира настан наречен Red Nose Day со црвен нос како главена икона да се прикаже поддршка за овој настан.
Првпат од почетокот на настанот, црвениот нос е редизајниран, а тоа го направи познатиот Џони Ајв, најмногу познат по своето време поминато во Apple. Сега тој работи во својата компанија Love From, која ја основа пред 4 години по напуштањето на Apple.
„Во текот на изминатата година, познатата тркалезна икона на Comic Relief помина низ најдраматичната промена од нејзиното деби во 1988 година. Дизајнирана од Џони Ајв, креативниот гениј зад најбараните производи на Apple, ова навистина е црвен нос како ниеден друг. Речиси целосно направен од материјали од растително потекло, Црвениот нос започнува како мала, рамна полумесечина и извира во прекрасна сфера од „саќе“ хартија. Сега е достапен за купување на Амазон (се отвора во нов прозорец), новиот дом на Црвениот нос.“

„Пораснавме со Comic Relief и горди сме што ја поддржуваме нивната извонредна работа. Овој нов и навидум едноставен црвен нос е неверојатно сложен мал предмет за дизајнирање и изработка и го вклучи целиот наш тим. Се надеваме дека ќе донесе мал момент на радост за секој што ќе го носи“. – истакна Џони Ајв.