Samsung претстави реклама во која што ги прикажува предностите на новата серија на таблет компјутери Galaxy Pro во споредба со конкурентните производи, како iPad, Surface или Kindle Fire. Во неа нивниот производ е прикажан како подобар од конкурентните поради неколку работи кои што тие не можат да ги направат или ги немаат како карактеристика. Па така во рекламата можете да видите критика за iPad таблетот кој што може да користи една апликација одеднаш, за разлика од можноста за мултитаскинг и поделба на екранот на Samsung и користење на повеќе апликации во исто време. Исто така тие ја истакнуваат предноста врз Retina екранот со поголемиот број на пиксели во нивните модели.
Таблет компјутерот Surface од Microsoft е прикажан како уред кој што не може да се стави во категоријата на таблети, односно тој доаѓа со тастатура и маус, па поради тоа истиот треба да биде нарекуван лаптоп. Рекламата е интересна и истата истакнува одредени карактеристики на сите овие производи, а на корисниците останува да одлучат кои од нив се поважни за нив. Во продолжение можете да го погледнете видеото од рекламата.
http://www.youtube.com/watch?v=6nFe_SWcq4Q