Минатата недела познатиот „јутјубер“ Маркез Браунли објави на X слика од порака од агенти од FBI кои биле на влезот во неговото студио. Подоцна тој објави видео преку кое го раскажува случајот, па до објавата на видеото не знаевме што да очекуваме.
Приказната излезе многу понормална од тоа што очекувавме, односно агентите го имаат посетено поради објавата на видео со посебна верзија од Galaxy Z Fold наречена Escobar Fold.
Со оглед на тоа дека се работеше за Galaxy Z Fold прекриен со златна фолија, јасно беше дека големи се шансите да се работи за некаква измама, што на крајот така и испадна.
Посетата на агентите од FBI, но и од IRS е поврзана со тој случај, а во видеото на почетокот од статијата можете да го видите деталното раскажување од страна на Браунли.