Comfort Town е нова населба во Киев, Украина која е изградена на поранешна индустриска зона во градот. Изградбата траела дури 11 година, а е дизајнирана од страна на компанијата Archimatika.
Оваа населба најверојатно немаше да привлече некое посебно внимание, барем не надвор од Киев, да не беше изгледот и боите на зградите. Тие се направени така да наликуваат на населба направена од Lego коцки. Од компанијата секако тоа не го промовираат на тој начин, но сличноста дефинитивно е тука.
Инаку, населбата е направена во за денешно време познатиот збиен стил на станбени згради. Сепак, за разлика од овој стил во нашиот град, каде зградите се поставени една до друга, а не ретко толку блиску да терасите се допираат, Comfort Town е направен во блокови.

Од Archimatika посебно го објаснуваат блок стилот каде е оставен доволно голем простор за да има паркови со зеленило, спортски терени, шеталишта, паркинзи, градинки и продавници.
Поради тоа што населбата е направена во блокови, просторот помеѓу зградите и парковите е издвоен од улиците кои поминуваат само околу блокот.
Замислата на Archimatika е да населбата може да го привлече вниманието на сите, дури и во вакво време на криза.