Познатите Blockbuster од САД, иако се обидоа дури и на стриминг пазарот, сепак како бизнис кој почна со продавници за изнајмување на видео касети, не успеа да опстои, според коментарите, поради лошо менаџирање на променетите услови на пазарот.

Од повеќе од 9.000 продавници во деведесеттите, Blockbuster брендот остана достапен на само една продавница која се наоѓа во градот Бенд во сојузната држава Орегон во САД.

Во оваа продавница жителите на општината во која се наоѓа градот Бенд, ќе можат да резервираат преноќување каде ќе им бидат достапни неограничен број на филмови кои ќе можат да ги гледаат преку старите видео рекордери, односно од VHS касета.

Посетителите ќе имаат посебно прилагодено место во продавницата, каде ќе има тросед кој ќе се претвора во кревет, а ќе им бидат достапни и разни грицки и сокови.

Резервациите ќе се прават преку Airbnb и ќе чинат само 4 долари од вечер, а ќе бидат запазени сите потребни мерки за заштита од коронавирусот. Поради тоа, групно ќе може да доаѓаат само членови на исто семејство, односно нема да бидат дозволени собирања на друштва и слично.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаБил Гејтс во интервју за Wired: Богатите земји ќе се справат со коронавирусот до крајот на 2021
Следна статијаTwitter воведе избор за тоа кој може да одговори на „твитовите“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.