Комбинација на столче и справа за вежбање – совршена комбинација. Кој не би сакал да вежба додека чита блогови или гледа епизоди од омилената серија? Како помош во оваа мисија доаѓа Tao Chair, столче со кое можете да вежбате дур седите.
Според многу научни истражувања, поминувањето многу време во седење е катастрофално за нашето здравје. Тоа ги ослабува коските, ги ослабува срцето и белите дробови, а секако дека атрофираат и скелеталните мускули. Во исто време, луѓето најчесто не ги почитуваат препораките за правилно седење, па се оштетува `рбетниот столб, карлицата, вратот… Еден куп здравствени проблеми доаѓаат од прекумерното седење.
Еден начин да си помогнете е да си инсталирате лента за одење/трчање во домот и да одите по неа додека работите. Ова сепак можете да го сторите во главно дома, бидејќи ние немаме баш модерни работни места кои би дозволиле да си го приуштите ова. На работното место можете да пробате и да земете медицинска топка за седење, но веројатно дека колегите ќе ве гледаат помалку чудно. Од друга страна, ако земете столче кое изгледа слично на нормално столче, а со него можете да вежбате дур седите на работа или дома, никој нема да ве погледне (многу) попреку, можеби дури и ќе сакаат самите да си нарачаат.
Токму во овој случај доаѓа Tao Chair. Tao Chair е столче кое ви пружа изометриски вежби – вежби кои се базираат на притисок во разни правци, со кои треба да употребувате различни групи на мускули. Со него можете да назначите да буткате со рацете, нозете и друг дел од телото кон некоја страна, навнатре или нанадвор. На него има и LCD екран кој ви кажува колку калории сте потрошиле и други информации за тоа што го вежбате.
Со Tao Chair нема да можете да влијаете многу на негативните ефекти од седењето, па секако се препорачува да се движите повеќе и што повеќе од работите да ги извршувате на нога. Сепак, со него можете да остварите значителна вежба во моментите кога нема да може да станете и да се движите, а мускулите ќе ви бидат колку-толку поспремни за концентрираниот физички напор во случај да сакате да истрчате некој километар после работа или да посетите теретана.