Оваа тастатура не е производ кој што ќе биде достапен во продажба, таа претставува проект направен од страна на Jason Allemann, човек кој што се занимава со вакви работи. Целата работа почнала уште во 2005, меѓутоа ја нема продолжено поради проблеми до кои што има дојдено, па решил да го стави целиот проект на пауза. Проектот продолжува покасно кога случајно наоѓа тастатура кој што некој планирал да ја фрли, па решава овој пат да го заврши.
Тастатурата се разбира во основа е направена од обична тастатура, а копчињата и дел од рамката се направени со LEGO коцките. Во продолжение можете да го погледнете видеото кое што го има направено Jason како презентација на неговиот проект.