Како до најдобра и најиновативна визит карта со која најдобро ќе се претставите и ќе ги заинтересирате вашите клиенти. Со сигурност Kevin Bates може да ви помогне на ова поле. Тој ја претстави најзабавната визит картичка некогаш, визитка Arduboy на која ќе можете да играте Tetris.

Бејтс, со Arduino (отворен извор за правење на прототипи од електроника), 1.6 инчен монохроматски OLED диспеј, D пад, А и Б копчиња, мал звучник и обична стара CR2016 батерија за снабдување со енергија успеа да направи уникатна визит карта. Оваа визитка е само 1.6 mm тенка и може да се игра на неа до 9 часа.

arduboy

Во овој мал едноставен систем до сега има вградено неколку игри, но Bates се надева дека со помош на други идеи ќе може уште повеќе да се надоградува. Pokemon е играта за која има најмногу барања, но и фамозната Snake доаѓа во предвид. За жал, поради 16MHz процесор, нема можност за Gameboy, но со нов подобар чип би можело и ова да се постигне.

https://www.youtube.com/watch?v=pXhOMO6ZjRg

Неговата идеја е една ваква фантастична визит карта да чини околу 30 долари, со можност да е достапна на интернет и да се праќа насекаде во светот. Но, се уште нема најдено производител за масовно производство. Поради ова, Kickstarter доаѓа во игра. Освен првичната верзија, Bates сака да понуди уште два вида на картички, рачно изработени.

arduboy2

Претходна статијаMIUI 6 достапен на Nexus 7 2013 WiFi
Следна статијаMicrosoft ќе ја претстави Office за iPad на настан на крајот од Март