
Архитектонското биро Clouds Architecture со седиште во Њујорк, предлага изградба на невообичаена висококатница. Имено, нивната висококатница, Analemma ќе виси од астериод оддалечен од планетата 5.000 километри.
Овој научно-фантастичен објект би бил најголемиот изграден од човечка рака. Кулата Analemma, како што е комерцијалниот назив, би била напојувана со помош на соларни панели кои константно би биле изложени на сончева светлина.
Објектот би патувал стотици километри секојдневно, односно би лебдел во просторот. Движењето во тн. „осмици“ би го изведувал на релација северна – јужна хемисфера. Според она што е познато, објектот би требало да биде конструиран на земјата и потоа пренесен до астериодот кој ќе орбитира околу планетата.
Сето ова звучи нереално и неизводливо, меѓутоа NASA има поинакви планови. Имено, од вселенската агенција имаат закажано мисија за дислокација на астериод закажана за помалку од 4 години.
Извори: BusinessInsider, CloudsArchitectureOffice