Скопје, 3 јули 2023 – На денешниот брифинг со новинарите, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу информираше за тековните активности на МИОА, во насока на професионализација на администрацијата, интензивно спроведување на реформите согласно европските стандарди и дигитализацијата како врвен приоритет, во служба на граѓаните.

Посебен акцент на средбата беше ставен на исклучителниот настан во Брисел минатата недела, кога министерот Алиу го потпиша договорот со ЕУ за програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“ .

Министерот истакна дека во Брисел е постигнат договор со кој четири земји од Западен Балкан, меѓу кои и Северна Македонија, ќе се приклучат на програмата за Дигитална Европа, што отвора одлични можности за граѓаните, јавните институции или различни организации да учествуваат во проекти, при што планираниот вкупен буџет изнесува 7,5 милијарди евра.

,,Развојот на проекти од областа на вештачката интелигенција, дигиталната обука, создавањето соодветни услови и широката употреба на дигиталната технологија ќе ја доближат Северна Македонија до Европа. Дигиталната агенција, која е еден од главните столбови на нашата влада, сега ќе биде поддржана и од програмите на ЕУ“, истакна министерот Алиу.

Претходна статијаSpotify планира додавање на целосни видеа во својата апликација
Следна статијаКонференција: „Храната и новите технологии“: технологијата може да даде одговор на многу проблеми врзани со храната и нејзиното производство