Screenshot_3

Двата најголеми еко системи во мобилната индустрија, Apple и Android, буквално доминираат на пазарот. Сепак, iOS и натаму е победник во поглед на тоа колку корисниците плаќаат за софтверот кој е достапен на App Store, за разлика од оние кои поседуваат Android и кои пред се симнуваат бесплатни апликации.

Причината е веројатно многу едноставна – Android е поуспешен во пониските класи, односно овој еко систем го користат корисници со многу поплиток џеб, кои веќе одделиле значајна сума за да платат за смартфонот или таблетот. Потоа, овие корисници најчесто се одлучуваат на бесплатни апликации, за разлика од оние кои поседуваат iPhone и iPad таблет кои немаат проблем да платат и некој долар повеќе за апликација.

appannie-q1-2016

Според истражувањата на App Annie Index Market, Android Play Store има двојно повеќе симнати апликации од App Store на iOS, но токму овој вториот има скоро двојно поголем профит од симнатите апликации. Голем удел во ова интересно има Кина, каде расте бројот на мобилни гејмери, кои придонеле за раст од 2,2 пати во однос на првото тримесечје минатата година на App Store. Во меѓувреме и Play Store има доживеано раст во профитот и тоа исто така благодарение на гејмерите од Виетнам, Аргентина и Египет.

Причината зошто игрите се најдобар извор на профит е тоа што се бесплатни за симнување, но потоа содржат пакети кои чинат неколку долари и кои се за полесно поминување на некои нивоа, односно во некои дури е и морално да се симнат за да се продолжи со играта.

Извор: 9to5Mac, Telegraph, Forbes

Претходна статијаПрви фотографии од Desire 830, моделот од средната класа на HTC
Следна статијаНаучници создадоа 60% посветли LED преку имитирање на светулките