Фото: Depositphotos

Apple официјално ја потврди аквизицијата на израелскиот старт-ап за вештачка интелигенција Q.ai, во зделка вредна околу 2 милијарди долари, иако засега точната сума на е објавена. Овој потег претставува второ најголемо купување на компанија во историјата на компанијата, веднаш по купувањето на Beats за 3 милијарди долари во 2014 година. 

Иако Apple често купува помали технолошки фирми без многу помпа, овој пат сумата и стратешката важност на технологијата јасно укажуваат дека се подготвува нешто револуционерно за идните генерации на iPhone, AirPods и веројатно долго очекуваните паметни очила.

Q.ai не е обична компанија за вештачка интелигенција. Нивната експертиза лежи во обработката на аудио сигнали и компјутерската визија, поточно во технологијата за „тивко зборување“. Користејќи напредни алгоритми и машинско учење, нивните системи можат да ги анализираат микро-движењата на мускулите на лицето и кожата за да разберат што корисникот сака да каже, дури и ако тој не испушти никаков звук.

Дополнително, технологијата која ја развиваат од компанијата може да се користи за идентифукување на корисникот, проценка на неговите емоции, пулсот и слично.

Интересно е што зад Q.ai стои Авиад Мајзелс, истиот човек кој ја основаше PrimeSense, компанијата која Apple ја купи во 2013 година за да ја создаде основата на Face ID. Со оглед на тоа што тимот на Q.ai веќе има искуство во интегрирање на софистициран хардвер и софтвер во екосистемот на Apple, интеграцијата на нивната технологија се очекува да биде релативно брза.