Apple

Неколку од најпознатите компании во светот како Google и Facebook најавија дека на своите вработени ќе им овозможат да работат од дома до крајот на годината, додека Twitter реши да на тие што ќе изберат да им овозможи да работат од дома цело време и по завршувањето на состојбата со COVID-19.

Овој пример нема да го следат од Apple, па според извори на Bloomberg, од компанијата ќе почнат постепено и во фази да ги враќаат вработените во канцелариите. Ова ќе важи за сите канцеларии кои ги има компанијата низ светот и низ САД, вклучувајќи ја и централата во Купертино.

Според информациите до кои дојде Bloomberg, во првата фаза ќе бидат опфатени вработени кои не можат да работат од дома или тоа не е баш лесно изводливо. Оваа фаза веќе е почната во одредени региони, а ќе продолжи во поголемите канцеларии при крајот на мај и почетокот на јуни.

Втората фаза која е планирана за јули, ќе почне да ги враќа на работа повеќето вработени, а ова сепак ќе зависи и од развојот на настаните и одлуките на властите во различните региони.

Apple веќе почна да ги отвара продавниците во одредени градови, а во нив ќе важат одредени правила, како на пример ограничување на бројот на посетители кои може да бидат внатре во еден момент.

Причината поради која од Apple планираат да ги вратат голем дел од своите вработени во канцелариите е тоа што од компанијата во голем дел работат со развој и дизајн на хардвер, нешто по што се познати, а посебно стилот на работа. Ова не може да се изведе додека вработените се дома, а единствениот дел од вработените кои сепак би можеле подолго да работат од дома се програмерите.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаSamsung Galaxy Fold Lite се најавува како можна поевтина алтернатива на телефонот со екран кој се превиткува
Следна статијаРамстор Мол започнува со работа од утре
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.