US020140085334A120140327

Покрај се поголемиот број на корисници на паметни телефони, се зголемува и степенот на нивно користење. Корисниците веќе се навикнати, па посегнуваат по својот мобилен и кога седат на кафе со друштво, на пример, или дури и кога се движат пешки по улиците. Додека првата работа е прашање на култура и социјализација, втората работа може да претставува поголем проблем доколку се внесете во пишувањето на порака на пример и не забележите што се случува пред вас додека се движите.

Не навлегувајќи во тоа дали корисниците треба да го прават ова или не, Apple размислува во правец на правење на активноста на користење на телефонот при движење посигурна, ако веќе решите тоа да го правите. Од патент поднесен уште од 2012 година, а одобрен оваа недела, може да се види нов концепт кој што овозможува користење на телефонот во движење. Иако како што е нагласено во патентот, овој концепт може да биде имплементиран во повеќе апликации, тој се однесува на пишувањето на пораки.

Поточно, се работи за таканаречено транспарентно пишување на пораки, каде што стандардната позадина на апликацијата за пораки е заменета со видео од камерата на телефонот. Ова ќе овозможи корисникот да може да гледа каде оди додека во исто време гледа во мобилниот. Врз сликата од видеото би биле поставени пораките кои што ќе може да бидат на посебна позадина или и таа да биде делумно транспарентна за уште подобро гледање. Ова се разбира нема целосно да го реши проблемот, но сепак ќе даде одредено ниво на прегледност. Се прашуваме дали е добро Apple да ја воведе оваа можност во своите телефони, па да почнеме да гледаме уште повеќе корисници како одат и гледаат во својот мобилен.

Се разбира како и за други патентирани технологии, така и за оваа нема официјална потврда или информација за тоа дали и кога би била имплементирана во iOS оперативниот систем.

Извор: Apple Insider

Претходна статијаBlinkfeed од HTC ќе биде достапен за сите Android корисници
Следна статијаУште едно видео на кое што е прикажан Windows Phone 8.1
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.