130214_3rdstprom_hero

Apple ги објави финансиските резултати за последните три месеци од минатата година и тие како што се очекуваше се одлични. Поточно, Apple последното тромесечје го заврши со рекордни приходи, а соодветно и рекорден профит.

Приходите во тој период изнесувале 75,9 милијарди долари, што е зголемување од истиот период во 2014 година, кога приходите биле 74,6 милијарди долари.

Профитот на Apple за последното тромесечје изнесува 18,4 милијарди долари, за разлика од 18-те милијарди во 2014 година. Профитот направен во 2014 година беше најголемиот профит којшто го имала една приватна компанија.

Овие бројки сигурно не изненадуваат никого. Сепак Apple е бренд којшто ги продава своите производи покрај во големи количини, можеби и поважно, со многу големи маргини. Тоа е резултат на годините поминати во инвестирање и развој на брендот, а се разбира и производите.

Извештајот покрај одличните резултати има и уште една интересна информација. Apple најавува дека после 13 години на зголемување на приходите секоја наредна година, првите три месеци од 2016 ќе донесат помалку приходи во споредба со 2015.

Според нив, се очекува приходите во првото тромесечје од 2016 да изнесуваат од 50 до 53 милијарди долари, што е помалку од 58-те милијарди годината претходно.

До вакви резултати доаѓа поради останување на истиот број на продадени iPhone уреди, како и намалување на продажбите на iPad и Mac уредите. Исто така, Apple бележи пад на продажбите во западните пазари, па подобрувањето на успехот во Кина, е должен за задржување на добрите бројки минатата година.

Покрај продажбата на уреди, Apple полека почнува да вади добри приходи и од своите сервиси, како што се iCloud, Apple TV, Apple Pay, а тука е и новиот Apple Watch за којшто бројките се’ уште не се истакнуваат посебно во финансиските извештаи.

Извор: Apple, The Verge

Фото: Apple

Претходна статијаIntel лансира нови супер моќни Xeon и Skylake Core i7 чипови за лаптопите
Следна статијаДостапен Firefox 44 со нова можност за известувања од веб страните
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.