
Британскиот луксузен авто-производител Aston Martin започна соработка со компанијата Triton Submarines со цел заеднички да конструираат луксузна подморница. Од Aston Martin велат дека концептот врз кој ќе се развива проектот е ексклузивно, луксузно и во ограничен број достапно возило. Цената проектирана за оваа супер луксузна направа ќе изнесува околу 4 милиони американски долари.
Она што Aston Martin го планира, всушност ќе биде подморница со капацитет од 3 лица и можност да зарони на длабочини од околу 500 метри. Димензиите, односно висината на подморницата ќе биде помалку од 2 метри, со тежина од околу 4 тони. Максималната брзина би достигнувала 3,5 наутички милји. Со вака предвидените димензии и спецификации, подморницата ќе биде најлесна во својата класа (капацитет од 3 лица).
Дизајнот на пловилото се одликува со футуристички и луксузен лик, сличен на препознатливиот дизајн на автомобилите од популарниот британски бренд. Проектот „Neptune“ како што е интерно именуван ќе цели кон обожавателите на луксуз и за возврат е подготвен да им го пружи се она што би можеле да го замислат. Производството ќе биде ограничено на 12-тина парчиња годишно, па поседувањето на истото ќе биде привилегија само по себе.